ПАЃА ЛИ ВРЕДНОСТА НА ДЕНАРОТ?: НБРМ го зголеми средниот курс на еврото на 61,625

  • February 12, 2019

Народна банка на Република Македонија го зголеми средниот курс на еврото на 61,625. Зголемувањето одело постепено деновиве, а последна промена има на петти февруари, дознава 24Инфо.

Само за споредба на 15 јануари годинава средниот курс бил 61.4942. Во менувачниците велат дека од вчера драстично е зголемена побарувачката на евра и се бараат најчесто поголеми количини. Очекуваат да се смени досегашниот курс по кој работеа бидејќи НБРМ го сменила средниот курс.

Во моментов еврото во приватните менувачници се продава за цена од 61,65 денари, а се откупува за 61,4 денари.

Претходно «
Следно »