ПЕЕЛЕ ПАТРИОТСКИ ПЕСНИ, ПОВИКАНИ ЗА НАСИЛСТВО: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ повикани во полиција поради протестот кај Ременски!

  • March 23, 2018

Советниците во Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои протестираа пред домот на пратеничката Фросина Ташевска-Ременски поради изгласувањето на Законот за јазиците, биле повикани на распит во полиција. По дадениот исказ, тие се осомничени за насилство, пренесе Независен.

– „Добив покана да се јавам во полиција. Бев и дадов изјава пред инспекторите во Одделот за насилен криминал. Осомничен сум за насилство од член 386. Навистина не ми е јасно од каде насилство? Протестот траеше максимум петнаесет минути, се испеаја неколку патриотски песни и си заминавме. Имаше полиција, не реагираа бидејќи немаше потреба. Важам за мирен и разбран човек, сето ова е непознато за мене“, вели за Независен сегашниот и поранешниот претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, Лазаровски.

Додава дека секој има право да протестира.

– „Правото на протест е гарантирано со Уставот. Доколку се поднесуваат пријави за тоа, тогаш ќе имаме 200.000 пријавени граѓани. Интересно е што токму Ременски и нејзиниот сопруг гордо протестираа пред домот на Никола Груевски кога беше премиер и тогаш не ѝ пречеше, додава тој.

Во изминатите денови во повеќе градови имаше протести пред домовите на пратеници на владејачкиот СДСМ, а се протестираше и пред зградата на Владата во Скопје.

Претходно «
Следно »