January 27, 2021, 2:42 am

Пендаровски: Ако Заев не обезбеди мнозинство, го враќа мандатот назад

Поврзано

Mнoгy лaжaт, мнoгy…

Груевски вечерва објави фб пост во форма на анализа за претстојниот попис со укажување на ризиците и апел партиите...

Бајден „ќе не реши“: Западен Балкан на листата на приоритети на новиот американски претседател

Западен Балкан е меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација, било речено во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД,...

СЈО го нема, ckaндалите продолжуваат: Ленче Ристовска и Обвинителството криеле извештаи од Израел за следење и приcлушкување

Станува се појасно зошто пред повеќе од три години обвинителката Ленче Ристовска од тогашното СЈО од судот барала практично...
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски по денешнатра средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека мандатот му го доверил на Зоран Заев, бидејќи смета дека роковите за мандат течат по верификација на мандатите на пратениците иако не е избран претседател на Собранието имајќи ја предвид политичката пракса во изминативе 30 години, односно ситуациите во 2006 и 2016.

-До овој момент 61 пратеник нема ниту една политичка страна, ниту еден политички субјект од оние кои влегоа во новиот парламент меѓутоа господинот Заев се јави во текот на вчерашниот ден и рече дека во преговорите со повеќе политички партии кои се со свои пратеници во Собранието е на добар пат да обезбеди мнозинство, рече Пендаровски појаснувајќи го неговиот одговор на прашањата од Мицковски и Силјановска за тоа дали и на кој начин бил уверен од Заев дека има мнозинство.

Во делот на тоа дали барал гаранции за претпоставеното мнозинство на Заев, Пендаровски истакна дека тоа не го барал ниту еден претседател од Глигоров до денес, освен Ѓорге Иванов и тоа, подвлече, вториот пат кога Заев дојде да го бара мандатот откако Груевски, кој имаше само 51 пратеник и немаше очигледно мнозинство не му бараше потписи.

-Моето убедување и како претседател и како човек е дека на луѓето особено оние кои претендираат да бидат премиер утре на оваа земја мора да им се верува на зборот затоа што и тие имаат одговорност не кон својата партија и кон своите гласачи, конечно ако за 20 дена господинот Заев не направи влада значи ќе се увери дека нема 61 човек и ќе си го врати мандатот назад. Значи вие неможете со трикови да добиете мандат велејќи дека јас имам мнозинство имам шанса да направам мнозинство и за 20 дена целата јавност ќе види дека вие немате мнозинство. Мнозинството од 61 не се утврдува кај претседателот кога го дава мандатот со потписи или со нотарски заверени изјави, туку се утврдува на денот на гласање во Собранието за новата влада, рече Пендаровски

Моето, рече тој, е да го дадам мандатот од 20 дена. Тој што тврди дека има мнозинство или дека ќе направи мнозинство, да покаже дека има мнозинство во Собрание, ако не, го враќа назад мандатот и одиме со втората партија која има најмногу мандати-а тоа е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. (МИА)

Latest News

(Видео) Ekcплозијата го потрeсе Ријад

Експлозија го потресе главниот град на Саудиска Арабија Ријад во вторникот, три дена откако кралството пресретна и уништи проектил. Корисниците...

More Articles Like This