ПЕНДАРОВСКИ ДО ПРВАЧИЊАТА: Учете, но и другарувајте

Поврзано

Велат не нема, но еве сме по цел свет- Македонци од Америка во маици со лик на Делчев

Македонски иселеници во Соединетите Американски Држави носејќи маици со ликот на македонскиот револуционер Гоце Делчев порачаа: Велат не нема,...

(Видео) МИХАИЛОВ: На Китка се врши невидено голема сеча на дрва?

Тортевски вели дека СДС биле мрзеливи. Слушајќи го, мене нешто друго ме загрижува во неговата изјава? Тортевски вели дека...

МИЗРАХИ ЈА РАЗРЕШИЈА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА: Шекеринска со емблем на УЧК влакно не и фали

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се фотографираше пред амблем на УЧК. Фотографијата што кружи на социјалните мрежи предизвика...

Претседателот Ставо Пендаровски денеска ги посети првачињата од Основното училиште „Панејот Гиновски“ во Општина Бутел, каде и тој завршил основно образование.

Учете за да бидете најдобри, читајте што е можно повеќе книги, знаењето сигурно ќе ви помогне во животот, но подеднакво битно е и другарувањето, им порача претседателот Пендаровски на првачињата во училиштето, каде и тој во 1971 година бил прво одделение.

Во животот, како што вели претседателот, секогаш човек е поуспешен и посреќен кога има повеќе другарчиња и пријатели околу себе.

Не се сомневам дека и вие како и јас пред многу години ќе си направите пријатели за цел живот и дека со радост ќе се сеќавате на ова училиште, изјави Пендаровски.

Нагласи дека училиштето било и е мултиетничко и дека тоа е предност во животот и не треба да ги попречува во правењето пријателства.

На наставниците им порача дека петките мора да бидат заслужени, но децата да имаат и малку слободно време за, како што рече, да не го чувствуваат училиштето како нешто наметнато и страшно.

Родителите ги повика да не го тераат децата само да учат, туку и малку да играат и надвор да се дружат со луѓето.

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, во своето обраќање пред првачињата, посочи дека претставува чест да се обрати пред претседател на држава во училиштето во кое и тој учел.

Тоа е добар знак за сите ученици дека ова училиште може да извади квалитетни кадри, кои ќе ја претставуваат нашата општина и нашата држава, порача Смилевски.

Актуелно

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче,...

НИКОЛОСКИ: Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори

Во услови кога за три дена има 115 нови случаи е неодговорно да се зборува за избори, нагласува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој...

НИКОЛОСКИ: Кога на Заев му се рyши планот за брзи избори виновни му се граѓаните, во суштина Заев е виновен

Денеска кога на Заев му се руши планот за брзи избори по цена на човечки животи, виновни му се граѓаните а во сушнина Заев...

НИКОЛОСКИ: Македонија е прва во регионот по број на пoчинaти и зapазени, а на дното по број на тестови на милион жители

Споредено со регионот, Македонија е на врвот на листата по број на пoчинати и на зaразени лица на милион жители, но сме дното на...

КАСАМИ ОПАСНОСТ ЗА ЛИДЕРИТЕ: Без маска и ракавици, на иста маса со половина Свиларе

Претседателот на тетовското крило на БЕСА Билал Касами и коалиционен партнер на СДСМ и Зоран Заев, денес, спротивно на сите протоколи за заштите од...

Повеќе вести