ПЕНДАРОВСКИ: Не можело да постои македонска армија, не смееме да ја користиме придавката македонски!

  • March 3, 2019

Што најавуваше кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски во предвечерието на референдумот за промена на името. Имено Пендаровски во едно од своите гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 ја најави забраната за користење на терминот македонски пред државните институции. Тој во својот јавен настан најави дека Македонија нема да може повеќе да ја користи придавката македонски за институциите финансирани од државата, како во случајот на АРМ, МРТ и уште многу други институции.

-Сакам да објаснам уште еднаш зошто од државните институции нема да може да има, Македонска Телевизија нема да може да има придавка, македонска. Државните финансирани од буџетот. Вчера имаше таква расправа и во МАНУ. Знаете што, во оваа држава живеат и други освен Македонци. И тоа не е измислено со овој договор, тоа е од рамковниот договор наваму, од 2001 етнички заедници ги знаеме кои се. Вие не можете во државна институција која што треба да ги опслужува сите граѓани да ставите придавка македонски. Знаете зошто? Јас тоа така не го доживувам, ја сум етнички Македонец. Затоа што другите пред се Албанците велат ако пишува македонска армија, зошто вика армијата е само на Македонците, вели Пендаровски.

Претходно «
Следно »