January 22, 2021, 5:29 pm

Пендаровски: Нe граѓаните, туку дел од инcтитуциите нe се диcциплинирани

Поврзано

Akaдeмиците ce jaвија: Пpeдyпpeдуваат дека истopијата како пpeдмет не тpeба да ce чeпka

Реформа во образованието треба и е неопходна зашто се работи за значајно прашање – основното образование, но без укинување...

Филипче одби македонските лекари да се вакцинираат во Србија

Здравствените работници од ковид центрите нема да одат да примат вакцина во Србија по вчерашната јавна покана од срспката...

Aнгeлoв: Bpeме е нayката да даде одговop дали во 2001 година имавме вojна, вoeн koнфликт, или меѓyeтнички cyдиp

„Денеска се одбележуваат 20 години од нападот врз полициската станица во тетовско Теарце во 2001-та година што се смета...
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, во своето гостување во емисијата „Трлинг“ на Телевизија 24 во врска со постојаните обвинувања на власта дека граѓаните се недициплинирани и затоа имаме голем број на заразени и починати од корона вирусот изјави дека не само грааните, туку и дел од државните институции се недисциплинирани.

Неспорно е дека граѓаните во еден дел, јас би рекол дека многу мал дел не се дисциплинирани, но јас мислам дека еден дел и од државните инстиуции не се дисциплинирани, изјави претседателот Пендаровски.

Пендаровски додаде дека не станува збор само за верските заедници кои на почетокот беа на удар на јавноста дека се причина за непочитувањето на мерките и големите собири, туку и за селективноста при постапувањето на институциите во работата на кафани, ресторани, односно една кафана работи, друга не работи.

Тој посочи дека со тоа се гледа дека институциите постапувале селективно.

-Ако се почитуваа и имплементираа стопроцентно мерките од страна на институциите, ако институциите санкционираа сто посто, ќе имавме драстично помал број на заболени и починати. Апсолутно гледаm слабости во функционирањето на дел од институциите во селективна примена на законите и прописите. Има случаи кои сите ги знаеме во јавноста, имаше кафани, дискотеки, концерти каде имате луѓе „еден преку друг“, но не гледам санкции. Имаше кафич запечатен, газдите доаѓаат го отвораат“, рече Пендаровски.

Latest News

Akaдeмиците ce jaвија: Пpeдyпpeдуваат дека истopијата како пpeдмет не тpeба да ce чeпka

Реформа во образованието треба и е неопходна зашто се работи за значајно прашање – основното образование, но без укинување...

More Articles Like This