ПЕНДАРОВСКИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ПРАТЕНИК: Пендаровски поднесе оставка на пратеничката функција по именувањето за нов Координатор за НАТО

  • December 7, 2017

Стево Пендаровски денеска до Собранието на Република Македонија поднесе оставка од функцијата пратеник. Пендаровски во Собранието е дел од пратеничката група на СДСМ.

Оставката на Пендаровски Собранието треба да ја констатира на првата наредна седница.

Минатата недела Стево Пендаровски беше именуван за Национален координатор за влез на Македонија во НАТО.

Пендаровски на предвремените избори во декември 2016 година беше носител на листата на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1.

Претходно «
Следно »