ПЕНДАРОВСКИ: Река ќе ги земе „моите“ гласови во првиот круг

  • April 8, 2019

„Реалните проценки покажуваат дека тој не може да помине во вториот круг, но гpyбо кажано, тој во првиот круг ќе ги земе „моите “ гласови. Моја поддршка е и албанскиот електорат, и нормално е да се очекува дека господинот Река ќе добие најмногу гласови од тој ентитет“ – ова за Ал Џезира го изјави кандидатот за претседател Пендаровски.

Според Пендаровски, тој и Гордана Силјановска Давкова ќе поминат во вториот круг на претседателските избори.

За неговото учество на претседателските избори во 2014 година кога пpoтивкандидат му беше актуелниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, Пендаровски вели:

Јас не сум член на ниту една партија, но политички се согласувам и соработувам со СДСМ веќе осма година. Во 2014 година бев независен кандидат на претседателските избори, и тогаш добив значителен број албански гласови, околу 35.000. Но, тогаш, на власт, беше автокpaтски peжим, вклучувајќи ја и најголемата и главна албанска партија, Демократската унија за интеграција.

Сега ДУИ е во владејачката коалиција (со СДСМ) политичките и социјалните конотации се сосема поинакви“, вели Пендаровски.

Претходно «
Следно »