October 24, 2021, 3:44 am

Пендаровски ќе се обрати на 76. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, во Њујорк учествуваше на 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“.

Во оваа прилика, претседателот се осврна на искуствата на Република Македонија, ставајќи акцент на направените компромиси со соседите, членството во НАТО и посветеноста на интеграцијата на земјата во Европската Унија.

Притоа, претседателот Пендаровски констатира дека одржувањето на перспективата за членство во Европската Унија е клучниот двигател за реформите, не само во нашата држава, туку и во земјите од Западен Балкан, додека самото членство – клучно за обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот.

Во рамки на активностите во Њујорк, претседателот Пендаровски имаше средба со извршната директорка на УНФПА, Наталиа Канем.

На средбата се разговарало за актуелната соработка меѓу нашата земја и УНФПА во однос на креирање на политики за населението и преземање на активности со цел подобрување на пристапот до услугите од областа на репродуктивното здравје и во насока на спречување и одговор на родово базираното насилство.

Претседателот Пендаровски во Њујорк учествуваше на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19: „Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната“, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации.

Како што е најавено претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претставници на Македонија2025,  со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк, како и со претставници на дијаспората.

За време на посетата, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство, ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија и ќе го посети училиштето за деца со посебни потреби Jesse J. Kaplan.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This