December 3, 2020, 9:28 pm

Пендapoвски: Aко не добиеме пpeговори, тоа ќе биде голема гpeшка на ЕУ

Поврзано

(Видео) Николocки: Maкедонија ce нaoѓа во нajголемата кpизa од ocaмостојување до денec, потpeбна е Bлaда зa нaциoналeн спac

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс истакна дека Република Македонија се...

Состојба по градови: Скопје со речиси 30 000 зaбoлeни

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е...

(Во живо) „Прашањето ми е следно“ со Александар Николоски

Следете ја во живо првата и вонредна емисијата „Прашањето ми е следно“ со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и...
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на отворањето на онлајн конференцијата посветена на високото образование во регионот на Западен Балкан, на тема „Заеднички вредности, способности и одржлив развој”. Евентуална блокада или одложување на почетокот на преговорите би било голема грешка или голем неуспех, пред сè на ЕУ и на германското претседавање, кое е многу ангажирано во поддршка на земјите од Западен Балкан”, нагласи Пендаровски.

Пандемијата со ковид-19 нè потсети на тоа кои се нашите заеднички вредности. Во демократскиот свет во кој живееме, општо е прифатено дека тие вредности се владеењето на правото, демократските политички вредности, функционалните институции и културата на дијалог. Но, сите овие важни вредности во суштина се во поддршка на една многу повисока цел. Врвна вредност за секоја држава и за секое општество е човековиот живот, рече претседателот на Македонија на почетокот од своето обраќање и порача дека државата треба да е способна да обезбеди просперитетен живот и почитување на човечкото достоинство.

Но, смета Пендаровски, тоа воопшто не е лесна задача, зашто пандемијата сериозно ги наруши не само здравствените, туку и економските, социјалните, културните, образовните, еколошките аспекти на нашите животи.

Оваа платформа за размена на експерти меѓу трите држави, која е поддржана од Германската служба за академска размена – DAAD, доаѓа во вистинско време. Во услови на пандемија, важноста на високото образование и на науката станува уште позначајна, не само во справувањето со последиците, туку и во дизајнирањето на нашите општества врз одржливи основи за во иднина. За да можеме да се ориентираме кон зелена и инклузивна економија, чиста технологија, обновлива енергија, неопходно е да развиваме силно партнерство меѓу носителите на одлуки, научната и академска заедница и бизнис-секторот. А, предусловот за тој потфат бара градење на меѓусебна доверба меѓу клучните чинители, рече Пендаровски.

Тој потсети дека пред само четири дена со Обединетите нации е потпишана новата Рамка за соработка за одржлив развој за периодот од 2021-2025 година со цел преку овој документ да се поддржат напорите за подобрен животен стандард на македонските граѓани, инклузивен и зелен развој, универзален пристап до здравство, образование и социјална заштита, амбициозна климатска акција, отпорност кон катастрофи и многу повисок степен на владеењето на правото.

Истовремено, нашите национални напори за одржлив развој се усогласени со нашата клучна надворешнополитичка цел – членство во Европската Унија. Република Северна Македонија заслужува и е подготвена да ги започне пристапните преговори за членство во Унијата и тоа уште за време на германското претседателство. Интегрирањето на нашата земја во Унијата, но и на другите земји од Западен Балкан, е во интерес на регионалната безбедност и на просперитетот. Евентуална блокада или одложување на почетокот на преговорите би било голема грешка или голем неуспех, пред сè, на Европската Унија и на германското претседавање, кое е толку многу ангажирано во поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, нагласи Пендаровски.
Тој порача дека негативниот исход неповолно ќе влијае на стабилноста и иднината на регионот.

Конференцијата на која се обрати претседателот Пендаровски, е поддржана од Германската служба за академска размена, а е организирана од трите универзитети од Германија, Македонија и Албанија.

Latest News

(Видео) Николocки: Maкедонија ce нaoѓа во нajголемата кpизa од ocaмостојување до денec, потpeбна е Bлaда зa нaциoналeн спac

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс истакна дека Република Македонија се...

Диего Марадона има потекло од Бaлканот

Помина една недела откако почина Диего Армандо Марадона. Во овој период беа раскажани многу приказни, практично да немаше човек од светот на спортот, а...

Состојба по градови: Скопје со речиси 30 000 зaбoлeни

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847,...

(Во живо) „Прашањето ми е следно“ со Александар Николоски

Следете ја во живо првата и вонредна емисијата „Прашањето ми е следно“ со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и новинарот Александар Митовски. https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/659225641413021

Народот се буди: И утре блokaди во Скопје и протecт во 20 македонски градови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил најави продолжување на протестите и утре. Протести ќе се одржат во 20 македонски градови....

More Articles Like This