ПЕНЗИОНИРАНИОТ ГЕНЕРАЛ СИ ГО ВРАБОТИЛ ВНУКОТ: Илија Николовски го вработил внукот во Шумска полиција без оглас!

  • March 2, 2019

И пратеникот Илија Николовски си „завршил работа“ па својот внук од с.Панчарево, пехчевско, од каде и потекнува си го вработил во шумската полиција, без никој да знае, велат извори за „Инфомакс“

 

Илија Николовски е инаку пратеник во Собранието на Р.Македонија, претседател на Партијата на пензионери и граѓани на Македонија, генерал во пензија и силен поддржувач на протестите против власта на ВМРО-ДПМНЕ, која своевремено ја обвинуваше токму за нeпoтизaм.

Внукот на Николовски, Виктор Г. од неговото родно село, е вработен на место шумски полицаец, без притоа да биде објавен оглас. На работа почнал да оди пред десетина дена.

Пред вработувањето, тој станал и член на владејачката партија во Пехчево.

 

Претходно «
Следно »