ПЕНТАГОН ЛАЖИРАЛ ВИДЕО СНИМКИ ОД ТЕРОРИСТИ: За да ја оправдаат војната во Ирак биле лажирани видео снимки од терористи!

  • October 2, 2016

Министерството за одбрана на САД за време на војната во Ирак соработувало со британската пи-ар агенција „Бел Потингер“, која се бавела со негативни пропагандни активности кон Ал Каеда, вклучително и ширење на лажни снимки, пишува „Дејли бист“

pentagon_vojska

Според податоците на Заводот за истражувачко ноинарство, Пентагон на агенцијата исплатил околу 540 милиони долари за покривање на војната во Ирак во периодот од 2007 до 2011 година, пишува весникот.

Уредникот на пи-ар компанијата Мартин Велс изјави дека компанијата работела на реклами кои ја претставуваат Ал Каеда во негативно светло, правеле лажни стории кои наводно биле прикажувани на арапските телевизии и емитувале лажни реклами кои ги промовирале активностите на Ал Каеда. Освен тоа, американската војска подметнуала дискови со лажни снимки за време на претресите на терористи од Ал Каеда, а потоа ги пратела ИП адресите на оние кои ги гледале тие дискови. Дисковите биле испратени во Иран, Сирија па дури и во Америка.

Велс рекол дека работниците на агенцијата соработувале со американската војска и припадниците на разузнавачките служби во Багдад. Компанијата за своите резултати го известувала Пентагон, ЦИА и Советот за национална безбедност на САД. Монтажерот кој работел на правењето на снимките рекол дека таа работа е „шокантна, ги отвара очите и го менува животот“.

Вкупно во агенцијата работеле околу 300 луѓе, од кои поголемиот број државјани на Велика Британија и Ирак. Пентагон ја потврдил соработката со агенцијата во рамките на информативните и психолошки операции на САД во Ирак, и изјавиле дека материјалите кои компанијата ги објавувала биле „вистинити“.

Претходно «
Следно »