ПЕНТАГОН ПРИЗНАВА: За 20 години САД ќе ја изгуби доминацијата во светот во корист на Русија и Кина!

  • July 30, 2016

До 2035 година САД би можеле да се најдат во ситуација кога Русија или Кина би можела да биде еднакви или поголеми воени и економски сили од нив, преземајќи ја предноста од „неорганизираниот и освоен свет“, се вели во едно истражување на Министерството за одбрана на САД (ДоД)

SAD_zajdisonce

За само 20 години, САД и нивните сојузници ќе живеат во свет каде што обликувањето на глобалнот ред, по нивниот рецепт по Студената војна ќе биде исклучително тешко, ако не и невозможно, се истакнува во истражувањето на Пентагон.

„Иднината на светскиот поредок ќе донесе голем број на држави со политичка воља, економски и воени капацитети да се натпреваруваат за доминација на сметка на некои други“ се вели во документот насловен како „Здружена сила во неорганизиран свет“.

„Издигнуачките сили како на пример Кина, Русија, Индија, Иран или Бразил зачестено го искажуваат своето незадоволство со нивните улоги, пристап и овластување во актуелниот меѓународен систем“ – се вели во документот.

„Русија ќе ги модернизира своите копнени, воздушни и водни интерконтинентални нукеалрни сили“ користејќи ги овие капацитети за спроведување на акции за одвраќање на било какви агресии со „брзи воени вежби, летови со бомбардери и стратешки прелети над територија на САД“, предвидува извештајот на Пентагон.

Во извештајот се признава незадоволството на Русија и Кина со „актуелниот меѓународен систем управуван од Западот“.

Русија, Кина, Индија и останатите се запишани како „ревизионисти“, кои ќе ги промовираат алтернативните интернационални сојузништва, додека намалувањето на ресурсите на Западот исто така ќе имаат удар врз доминацијата на Вашингтон во светот.

Претходно «
Следно »