ПЕРО АНТИЌ ДО ТЕМЕЛКОВСКИ: „Темел доста ќењаш, доста се правите дека све знаете!! Маме ебавте со глума“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една македонска спортска легенда, застана на страна на Стојанче Стоилов, откако спортскиот директор на кошаркарската репрезентација на Македонија го дефинираше вчерашното демонстративно напуштање на салата во „Александар Палас“, како „ниско“ и непримерно

 

На ова му одговори легендата на Македонската кошарка Перо Антиќ.

„Темел нит знам што се десило искорено не ме ни интересира, ама дека почна да кењаш како твојот пулен, почна! Можда е и вирус!! Вие не цените пред све тоа што се правите во јавност дека цените, вие правите планови кој преку партиски врски кој на која позиција да биде, како што прилепчанецот што суспендира деца што не сакаат да играат па неговото дете сега ќе игра за Турција што слушам…Па немаш ти право на све да коментираш за кошаркава и наград кој (да не испадне љубомора,  оставена е мојата прошла за вас нит сум ја зел) за жал местите во зависност од ситуацијата! Доста се правите дека све знаете!! Маме ебавте со глума“ – му напиша Перо Антиќ на спортскиот директор на кошаркарската репрезентација Владимир Темелков.

Темелковски во продолжение се обиде да се оправда, констатирајќи дека текстот бил „целосен спин“, иако на снимката од прес конференцијата на АМС јасно се слуша и се гледа, кога Темелковски го нaпaѓa Стоилов.

На ова, кошаркарската легенда му одговара – „На све напишано тоа е одговорот? Изгледа стварно е тоа што се збори за политичката кариера. Незнам за какви новости збориш…“

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This