ПЕТ ДЕНА, ПЕТ ПАТИ ЈА ШЕТАЛЕ СО CKPШЕН КОЛК И НЕГАТИВЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19 ОД КЛИНИЧКИ ДО „8 СЕПТЕМВРИ“, ПА СЕ ОПEPИРАЛА НА ПРИВАТНА kЛИНИКА

Поврзано

„Повеќе од уметничко дело, повеќе од графит“

Повеќе од уметничко дело, повеќе од графит, ова е Македонија вели кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Зоран...

Алapмантни бројки на забoлeни од Koвид-19 во конфекција во Свети Николе

Во Свети Николе се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, на денешната седница на Општинскиот кризен штаб, градоначалникот на...

За гласање се приjaвиле 697 позитивни на Koвид-19 и лица во caмоизолација и 9020 нeмoќни и xpoнично бoлни

До полноќ кога истече рокот, за гласање на парламентарните избори, во ДИК се пријавиле вкупно 697 болни од Ковид-19...

Жена на 85-годишна возраст, со скршеница на колкот и со негативен тест на коронавирус, пет дена, пет пати ја возеле на релација Клинички центар – Градската општа болница „8 Септември“. Не ја оперирале зашто имала температура нешто повискока од 37 степени Целзиусови, но без други симптоми на КОВИД-19. По петдневно малтретирање и стресови, семејството одлучило да ја земе пациентката и од „8 Септември“ ја однеле на операција во приватната клиника „Жан Митрев“, каде веднаш била згрижена и оперирана.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција денеска кажа дека „ако има конкретна информација ќе ја провери со директорот на „8 Септември“.

Според нашите информации, на 13 мај жената, со возило на Брза помош била донесена на клиничкиот Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) со повреда на лев колк со индикација за оперативен третман. Таа имала температура нешто над 37 степени Целзиусови, без други симптоми на КОВИД-19. Од таму е препратена во Градската општа болница „8 Септември“ која од 18 март е КОВИД центар. Таму е хоспитализирана како суспектна на КОВИД-19 и чекала операција.

Земен ѝ е брис на 14 мај. Резултатот од тестот доаѓа на 15 мај и тој е негативен. Бидејќи интезивната нега на болницата е зафатена со болни од КОВИД-19, а и на болничките одделенија лежат пациенти кои се опоравуваат од компликации на коронавирусот, за да не ризикуваат да ја заразат жената требало да ја вратат на операција на Клиника.

На 16 мај веќе тече четврти ден од повредата. Од ТОАРИЛУЦ велат дека немаат место и пациентката останува хоспитализирана во „8 Септември“ уште една ноќ. Другиот ден, на 17 мај, по претходен договор за транспорт од „8 Септември“ ја селат на Клиника. Таму ѝ мерат температура, таа пак има малку над 37 степени и со образложение дека „брисот е застарен“ (земен на 14 мај) ја враќаат во „8 Септември“. Истиот ден, на 17 мај таа повторно е транспортирана и хоспитализирана во „8 Септември“.

Дека жената е непотребно тормозена поради благо покачената температура се согласуваат и лекари, кои велат дека поради повредата, болките, стресот и возраста на пациентката покачувањето во вакви случаи не е невообичаено. Особено што и надворешните температури се невообичаено високи за ова време од годината.

Од болницата „8 Септември“ повторно го применуваат истиот протокол за прием на суспектни на КОВИД-19 и пациентката чека нов брис. На семејството му пука филмот и таа со скршен колк, овојпат во шести транспорт, шест дена откако паднала, е однесена на операција во приватна клиника, само стотина метри подалеку од државната болница.

Од 18 март кога беше прогласена вонредна состојба, Градската општа болница „8 Септември“ практично функционира како инфективна клиника, иако тамошното инфективно одделение со капацитет од 26 легла го опслужуваат само двајца инфектолози. Сите матични анестезиолози се префрлени на Одделот за интензивна нега за КОВИД-19. Поради тоа и редовните хируршки интервенции се речиси стопирани, бидејќи се прават операции само на тие што се позитивни на коронавирусот. Анестезиолозите се вклучуваат само на операции во итни животозагрозувачки случаи кога нема време да се чека резултатот од тестирањето. Настрана што и одделенијата со болничките легла се зафатени со полесни случаи на КОВИД-19, или само суспектни на КОВИД-19, но не можат да бидат мешани со други пациенти за да се спречи дополнително ширење на заразата.

Листите за операции од ден на ден стануваат подолги, бидејќи два месеца е сопрена редовната хируршка програма.

Според последните информации од Институтот за јавно здравје, во „8 Септември“ се хоспитализирани 21 пациент со КОВИД-19, од кои на респиратор се 4, а со потешка клиничка слика се уште двајца. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби хоспитализирани се вкупно 43 пациенти, од кои двајца пациенти се на механичка вентилација.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК кога Инфективната клиника ќе ги преземе сите болни од КОВИД-19 кои сега се лекуваат во поранешната Воена болница, министерот Венко Филипче одговори:
„Тој процес постепено се одвива. Една група на пациенти беше префрлена на Инфективна клиника пред неколку дена. На Интензивната нега во „8 Септември“ која е за ковид пациенти, сѐ уште има пациенти кои се на респираторна машина, така што хируршки интервенции кои не можат да се одвиваат каде било на друго место, може да се прават на хируршките клиники“.

Директорот на болницата Кристијан Костов минатата недела, изјави дека очекува многу скоро Инфективната клиника да ги преземе болните од КОВИД-19, а „8 Септември“ да се врати на нормалното работење со отварање на амбулантите и со враќање на редовните програми за операции, бидејќи листата на пациенти кои чекаат хируршка интервенција од ден на ден станува сѐ подолга.

Актуелно

Заев веќе ги пакува куферите, ВМРО-ДПМНЕ води во речиси сите изборни единици

ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ во анкетата спроведена од страна на институтот „Habeas Corpus“, кој разработува прашања од...

Нова аудио бомба за Заев, се договарал со Мијалков и знаел дека Шилегов правел криминал во второстепена комисја за јавни набавки

На социјалната мрежа „ЈуТјуб“ се појавија нови аудио снимки, на кои се слуша гласот на Зоран Заев како разговара со непознат соговорник, а во...

(Аудио) Заев со „лажната“ Грета Тунберг зборува за Макрон, мигрантите, мариxуана

Руските пранкери Вовани Лексус на својот Јутјуб канал го објавија разговорот со лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара...

(Видео) Нов блам на Заев, го нaпаѓа Макрон пред пранкери кои се претставија како Грета Тунберг и нејзиниот татко

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се преставија како активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот...

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Гевгелија

Xристијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, оствари средба со жителите на Гевгелија. Следете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2791515140954941

Повеќе вести