Пет илјади евра надоместок за Назим Буши, претседател на одборот на директори во Македонски Телеком

  • July 6, 2018

Македонски Телеком за 2,5 пати го зголеми месечниот надоместок што ќе го добива претседателот на одборот на директори, Назим Буши. Со новата одлука, Буши ќе добива пет илајди евра нето надоместок, наместо досегашните две илјади евра.

Одлуката е донесена на собрание на друштвото на крајот на минатиот месец и се правда со зголемено портфолио на активности. Надоместоците за останатите членови остануваат исти, односно  1.500 евра за заменик претседателот на одборот на директори и 1.000 евра за останатите. Иако, лани кога имаше техничка влада, постоеше обид и овие надоместоци да се зголемат, сепак под притисок на јавноста, тоа не се случи.

Претходно «
Следно »