December 8, 2021, 4:33 am

Пет илјади eвpa пapичнa kaзнa зa yпpaвитeлoт нa кaфe-бapoт „Интермецо“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопското обвинителство предложи до Судот да изрече парична казна од 5.000 евра за управителот на кафе-барот „Интермецо“ кој ја отстранил пломбата по донесеното решение за забрана за работа.

Тој е обвинет за кривично дело симнување и оштетување на службен печат или знак.

„Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, симнал службен знак поставен од страна на овластено службено лице – инспектор за животна средина од Општина Центар. Знакот бил поставен заради осигурување на објектот, а врз основа на донесено решение за забрана за вршење угостителска дејност во рок од 30 дена, откако со мерења било утврдено дека угостителскиот објект емитувал ниво на бучава над пропишаните гранични вредности“, соопшти обвинителството.

Обвинетиот го отстранил службениот знак за запечатување на локалот, влегол во објектот и продолжил со вршење на дејноста.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Судот за обвинетото лице да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 50 евра во денарска противвредност.​​

Latest News

Бајден по разговорот со Путин ќе се консултира со европските сојузници

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за исходот од денешниот руско-американски видео-самит со францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка...

More Articles Like This