Пет причини поради кои треба да пиете зелен чај секое утро

  • November 14, 2018

Доколку шолјата зелен чај со доручекот стане ваша навика, очекувајте ги следниве 5 работи.

1. Поздраво срце

Зелениот чај е богат со моќни антиоксиданти кои го намалуваат крвниот притисок, а тоа позитивно делува и на здравјето на срцето. За дополнително снабдување со витамин Ц, исцедете еден лимон во чајот, а така ќе ја подобрите и апсорпцијата на антиоксидантите.

2. Повеќе сила

Истражувањата правени на глувците покажуваат дека единките кои консумирале екстракт од зелен чај, ја зголемиле својата отпорност за дури 24 проценти.

3. Позгодно тело

Природниот антиоксидант катехин од зелениот чај помага при топењето на мастите од стомакот, а содржи и кофеин, кои ги ослободува мастите заробени во поткожното ткиво и овозможува нивно побрзо согорување. Се покажало дека, доколку пиете три шолји зелен чај дневно, ќе согорите додатни 80 калории во наредните 24 часа.

4. Ослободува од алергиите

Јапонските истражувања покажуваат дека антиоксидантите од зелениот чај помагаат во јакнењето на имунитетот и ве штедат од борбата со многу алергии како што се алергии на полен или на прашина.

5. Подобро помнење

Канадските истражувања спроведени на полжави потопени во вода која содржи антиоксидант катехин, состојка во зелениот чај, покажале дека меморијата им е многу подобрена. Научниците сметаат дека тие достигнувања се применливи и на луѓето.

Претходно «
Следно »