„Пејачите се луѓе без мозок“: Јелена Карлеуша „удри“ остро по Цеца

  • December 25, 2018

Во текот на последната емисија од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше навистина бурно.

Како што веќе се навикнавме, Јелена Карлеуша и Вики Милјковиќ влегоа во голема расправија, но овој пат ја вметнаа Цеца Ражнатовиќ, која пак, не е дел од жирито на оваа емисија.

Се почна кога една натпреварувачка настапи со песна од Нина Бадриќ и Александра Младеновиќ, што на жирито воопшто не им се допаѓаше.„Се поврзува со магијата да си брутален пејач, како што беше Тоше Проески, кој може да пее поп и фолк, истовремено добро и квалитетно. Но, ретко кој го може тоа. И ние доаѓаме до моето, каде јас тврдам дека големиот успех зависи само од интелигенцијата во овој бизнис. Ти покажа дека не мислиш“, рече Карлеуша и додаде:

„Затоа и сметам дека продуцентите се мозокот на оваа операција наречена како шоу-бизнис. Генерално пејачите се луѓе без мозок. Еве истата таа Цеца, без Милија и Марина… Тоа се луѓе кои правеја и кои размислуваа што некому тоа лежи“, продолжува таа, каде веќе Вики ја прекина бранејќи ја Цеца.

„Па Цеца беше Цеца и пред Мили и Марина, а Фута што правеше со неа? И пред Марина, ја имаше „Пуштете ме да го видам“, рече Вики, на што следуваше одговор од Јелена: „Што е Вики, зошто секогаш ја браниш Цеца? Јас не ја напаѓам Цеца, само кажувам конкретни факти“.

Претходно «
Следно »