ПЕЈАЧКАТА ЛИДИЈА КОЧОВСКА РЕШИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ФОРМА:Ги засука ракавите и правец во теретана!

  • February 5, 2019

Таа потекнува од едно од најмузикалните семејства во Македонија или поточно речено, 100% музичко семјство. Татко и Панче и мајка и Невена – македонски музички легенди, лидери на некогаш ултрапопуларните „Мањифико“. Сестра и Тања, поп пејачка и актерка, како и самата таа… Патем и академски образован музичар.

Оддамна не тајна дека помладата од сестрите Кочовски – Лидија како и останатите во семејството, ги има совладано сите тајни на музиката и пеењето.

Но, малкумина знаат дека од неодамна, таа реши да се фати во костец со килограмите. Со години наназад, таа и сестра и водат борба со прекумерната тежина, па Лидија решила да стави крај на „елегантната пополнетост“ и своете тело да го доведе колку што е можно поблизску до состојба која е предвидена за возраста и здравјето.

Затоа македонската пејачка ги засука ракавате, па правец – теретана. И тоа не било која, туку онаа во која сметаше дека има најсоодветна екипа… Како што самата вели: „Екипа вредна милион долари“!

За почеток, малку велосипед за кардио вежби, а потоа… „вадење душа“. До душа, секое вистинско машко би посакало „да му излезе душата“ вежбајќи во вакво друштво, особено ако душите уште и се препознаат дека се сродни…


Овие од екипата на Лидија иако „душа вадат, задоволство е со нив да се работи“. Затоа и се екипа вредна „милион долари“… И повеќе од тоа, зашто здравјето нема цена.

До душа, правилата постојат за понекогаш и да се прекршат за да се задоволи и душата, ама… Само ако за тоа има добар повод или причина, а истиот не се случува катаден.

Како и да е, Лидија Кочовска реши да се „трансформира“… Ги чекаме резултатите од „преобразбата“!

Претходно «
Следно »