Пејачот на Оазис ја дави својата девојка – јавноста згрозена (ВИДЕО)

  • August 30, 2018

Пејачот на групата Оазис , Лиам Галагер ја покажа својата насилна страна , кога физички ја нападна сопствената девојка , додека биле во ноќен клуб.

На шокантното видео од надзорните камери се гледа како Галагер ја зграпчува за врат и ја дави својата девојка Деби Гвитер. Откако светските медиуми ја објавија веста , интересно е што и двајцата негираат дека имало насилство во ноќниот клуб во Лондон.

На својот Инстаграм Лиам напиша дека никогаш не дигнал рака на жена за да ја повреди .
Ноќниот чувар , во клубот сведочел дека не само што ја тепал девојката , туку и ја нарекол ,,проклета вештерка”. Братот на Лиам , Ноел , кој е вториот член на групата изјави дека му се гади од ваквата постапка на брат му и дека никогаш повеќе нема да настапува со него.

Претходно «
Следно »