Пиел истовремено алкохол и апчиња и завршил на клиники

  • April 6, 2018

Педесет и осумгодишен маж испил поголема количина на алкохол и апчиња и завршил на скопските клиники, информираа од МВР.

Според полицијата, завчера од Итната медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив, во тешка зравствена состојба, бил донесен 58-годишен маж од Градско, кој испило поголема количина апчиња и алкохол. По укажаната помош, тој веднаш бил пренесен на лекување во Клиника за токсикологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Претходно «
Следно »