ПИЕТЕ КАФЕ НА ПРАЗЕН ЖЕЛУДНИК? Еве што му правите на вашиот организам

  • September 15, 2018

Протеините кои остануваат неразработени во телото, можат да предизвикаат многу здравствени проблеми како подуеност, иритација или запаление на цревата.

Иако знаеме дека пиењето на црно кафе има одредени бенефиции, постојат и негативни ефекти за нашето здравје. Американски експерти неодамна дознале дека пиењето кафе во големи количини може да го намали ризикот од повеќе болести, но утврдиле декане е сеедно кога и како го пиете кафето.

Повеќето луѓе го започнуваат денот со шолја топло, црно кафе и тоа на празен желудник, со прескокнат појадок. Не нè чуди ни тоа што после кафето повеќето луѓе избегнуваат храна, затоа што овој пијалок сосема доволно ги заситува.

Но, оваа навика има последици по здравјето. Имено, шолја чисто црно кафе испиено на гладен желудник поттикнува лачење на хлороводородна киселина во дигестивниот тракт, а таа непријатна појава брзо ќе ја почувствуваат личностите кои склони кон гастритис, пренесува Healthy Food Team.

Но, не се поштедени ниту личностите кои не патат од гастритис, затоа што таа киселина ја разградува храната која сме ја конзумирале, а ако ја снема во текот на денот, ќе дојде до лошо варење и отежнато разградување на протеини.

Од друга страна, протеините кои остануваат неразградени во телото можат да предизвикаат многу здравствени проблеми, како подуеност, иритација или запаление на цревата, па дури и рак. Многу истражувања покажале декакафето треба да се пие дури еден час после будење и тоа никако на празен желудник.

Исто така, кафето треба да се избегнува веднаш после будењето затоа што тогаш нивото на кортизол во телото е многу високо, а е одговорно за контрола на биолошкиот часовник. Шолја кафе на празен желудник може да предизвика подуеност, а некогаш дури и повраќање.

Обидете се да се навикнете наутро да изедете барем едно парче леб пред да испиете кафе, а ако не можете ниту тоа, барем разредете го кафето со млеко и немојте да го правите многу силно.

Претходно «
Следно »