September 28, 2021, 10:40 am

Пинoче би се гopдeeл: Инcпeктopите го moлат 3aeв да не го paзpeшува Пауновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На средбата, инспекторите му доставиле на Заев и материјали, но и петицијата која ја потпишале над сто инпектори со која се бара Пауновски да остане директор на оваа институција.

Заев одлуката дали ќе предложи разрешување на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат на денешната владина седница, ќе ја донесе откако ќе ги разгледа материјалите доставени инспекторите.

На новинарско прашање, каков ќе биде неговиот став на денешната владина седница по прашањето за Пауновски, Заев рече дека ставот ќе го каже на самата владина седница.

-Сакам да ги прочитам во детали материјалите коишто инспекторите ми ги оставија. Тие усно ги образложија, јас ги разбирам што кажаа, но оставија значајни материјали коишто сакам да ги прочитам. Вредно е затоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот, рече Заев.

Заев рече дека е недозволено да се пркоси и да не се спроведува владина одлука за прераспределба на 35 кадри од Министерството за односи меѓу заедниците. Од ова министерство, со владина одлука требаше да се прераспределат 35 административци, за кои што Пауновски одбива да ги прими, затоа што како што вели, тие не се квалификувани, а инспекторатот кубури со инспектори за источна Македонија.

Latest News

Граѓаните oд Бapдoвци yтpe ќe пpoтecтиpaaт пpeд Влaдa

Граѓаните од Бардовци утре излегуваат на протест против изградба на прифатен центар за странци. Колоната ќе тргне во 17 часот...

More Articles Like This