ПИШЕВ:Зоран Заев не престанува секојдневно да ги лаже граѓаните

Поврзано

Портпаролката на СДСМ Кузеска со негативен тест на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, има негативен тест на Ковид-19. Таа оваа информација ја сподели на својот профил на „Фејсбук“.

ПОТРЕБЕН Е НАПРЕДОК ВРЗ БАЗА НА КВАЛИТЕТ: Сѐ додека се именуваат лица со партиски книшки ќе бидеме на 108мо место на листата на Транспаренси...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наговести големи реформи во начинот на кој што ќе се именуваат фунцкионери во Република...

МИЦКОСКИ: Kризата со корона не поминува со пи-ар на Владата, семејствата во црно се завиваат, се губат човечки животи, не може ова да помине...

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 при што посочи дека власта...

Зоран Заев не престанува секојдневно да ги лаже граѓаните преку своите неостварливи мегаломански ветувања, изјави на прес конференција Васил Пишев.

pisev-nova-1

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Не престанува секојдневно да ги лаже граѓаните преку своите мегаломански ветувања.

Од ден на ден, од митинг на митинг, слушаме по некој нов бисер од ветување на Зоран Заев.

Очигледно Зоран Заев свесен за малата поддршка која што ја има кај граѓаните, пред нив ветува се и сешто, со цел да ќари некој глас повеќе.

Но, ова не му е прв пат. Вакви исти и слични лажни ветувања на своја кожа имаат почувствувано и струмичани. Тие многу добро знаат што значи дадениот збор на Заев. Тие многу добро знаат што значи кога Зоран Заев ќе даде ветување. Тие многу добро знаат дека на Зоран Заев не може да му се верува.

Зоран Заев пред струмичани во изминативе години ветуваше се и сешто, но ништо од ветеното не го оствари.

Заев пред струмичани ветуваше дека ќе изгради нов повеќенаменски модерен пазар со што по долги години струмичани требаше да добијат модерен и повеќенаменски пазар. Но, ваков пазар, Зоран Заев никогаш не изгради.

Зоран Заев во Струмица ветуваше и изградба на повеќе наменска мултифункционална изложбена хала и деловен комплекс кои што требаше да дадат модерен и современ лик на општина Струмица. Но и од ова ветување на Заев нема ни трага ни глас.

Тој пред струмичани вети и изградба на модерно булеварско решение со четири сообраќајни ленти на Булевар Климент Охридски поточно од Жито Струмица до Терминал. Денес струмичани можат да се уверат дека ниту од овој проект на Заев нема ништо.

Ова е уште еден дел од списокот на нереализирани и празни ветувања кои Заев ги кажа пред струмичани.

Нему не му се важни проектите, нему не му е важен дадениот збор, а најмалку му се важни граѓаните.

На Зоран Заев му е важно само да ќари уште некој тендер од општинскиот буџет за фирмите на брат му Вице, за фирмите на стрина му, чичко му, братучедите и бизнис партнерите.

Но, сето ова ќе престане. Граѓаните знаат кој се расфрла со лажни и нереални

Граѓаните веќе знаат кој се расфрла со лажни и нереални ветувања само да се добере до власт, а кој ветува реални проекти и потоа ги исполнува и остварува. Затоа на 11-ти декември струмичани ќе кажат големо НЕ за лажните ветувања и големиот број на неостварени проекти на Заев во Струмица.

Актуелно

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

Повеќе вести