Пишев: Во Струмица програмата Реално предвидува значајни проекти од областа на културата

  • January 14, 2017

Во програмата Реално се предвидени реално остварливи проекти за сите граѓани на Република Македонија и за сите градови во нашата држава, вели Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Програмата Реално ќе се реализира и во општина Струмица и во неа се предвидени значајни проекти од областа на културата. До сега се реализирани крупни проекти кои се од важно културно значење, како обновата на објектот на старата пошта во Струмица, осовремување на депото во музејот на Струмица и востообновување на постојните  поставки на националниот музеј во Струмица, потенцираше Пишев.

Тој вели и дека во тек е изградба на стариот струмички театар, во моментов се работи во обновување на внатрешноста и во текот на оваа година би требало да биде целосно пуштен.

-Ќе продолжи и обновата на фасадите од старогратската архитектура во старата чаршија во Струмица и во рамките на овој проект ќе бидат обновени сите фасади на заштитените објекти кои се дел од ова старо градско јадро. Во програмата Реално е предвидено целосна реконструкција на старата на центарот за култура Антон Панов и ќе се изврши целосно уредување на целиот објект, уредување на галерискиот простор и сцена. Градот Струмица ќе добие убав проект со кои струмичани ќе се гордеат, истакна Пишев.

Тој додава дека ќе се реновира и уште еден проект од програмата реално а на кои струмичани ќе бидат посебно горди, а тоа е реставрација и целосно уредување на споменичката целина Цареви Кули.

Претходно «
Следно »