ПЛАСМАН Е ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА: Не е важно дали Вардар има проблеми или не – целта е Келн!

  • April 27, 2018
  • Коментари

Вардар го игра натпреварот на сезоната в недела, против Кил и тоа со поволна стартна позиција по триумфот на гости со 29-28. Капитенот Стојанче Стоилов треба да го заборават тој натпревар и да размислуваат само на неделниот дуел во „Јане Сандански“ (17.00).

Стоилов беше еден од најдобрите вардарци во „Шпаркасен арена“, со пет гола од пет шута, но тоа не го менува неговиот однос за неделниот меч – се почнува од нула и се оди на победа.

„Нѐ очекува тежок натпревар против Кил в недела. Ни доаѓа еден од најдобрите клубови во историјата нa ракометот, имаме почит кон нив. Победивме таму, сѐ е тоа супер, но треба да заборавиме. Ова е второ полувреме, а пласманот во Кил е наша единствена опција. Играме дома, имаме поддршука, добро трениравме овие денови и одиме на победа“, вели Стоилов.

Пред 12 месеци Вардар беше во слична ситуација, со гостински успех кај Фленсбург, по што сопственкот Сергеј Самсоненко почувствува потреба да се појави на прес-конференцијата пред реваншот и да ја предупреди Европа да суди правично на реваншот, зашто во спротивно ќе си одел. Тоа беше мала најава за подоцнежните кризи во Вардар, по кои следеше и одливот на играчи од машкиот и информацијата за тоален егзодус во женскиот тим. Финансиската неизвесност уште лебди над црвено-црните, но…

„Сега не е важна ситуацијата во клубот. Ние имаме јасна цел, сакаме да победиме и да се пласираме во Келн, со или без проблемите кои ги имаме“, вели Стоилов.

Претходно «
Следно »