ПОБЕДУВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Народот ќе ја одбере Македонија и политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија!

Поврзано

(Видео) Плажата во село Стeњe беше гордост, а сега е pyинa која ја покажува нecпосoбноcтa на оние кои ветуваа живот

Плажата во село Стење на Преспанското Езеро беше гордост на туристичките работници од овој регион и потврда за далеку...

Жителите се гнeвни на оваа нeчecнa влacт

Кандидатот за пратеник во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски заедно со носителот на листа во изборната единица...

Македонија ќе се иcпрaви и гордо ќе чекори напред, Радишани е за Обнова на Македонија

Го посетив населеното место Радишани, како и црквата “Св. Наум Охридски” каде што успеав да се сретнам со неколку...

11 декември се ближи и народот ќе си го каже она што чека да го каже веќе подолго време. Ќе даде одговор на сите измачувања и малтретирања кои ги трпеа граѓаните и државата, порача од Неготино лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничка листа за ИЕ 4.
gruevski_negotino

Груевски пред граѓаните во Неготино порача дека ова е историски миг, кога се одлучува за иднината на државата.

-Овие процеси се историски миг, кога вашата одлука кажува кава иднина сакате и во каква Македонија сакате да живеете. Коцките сами се поклопија и времето даде одговор зошто Заев беше човекот кој беше избран да ги има илегално стекнатите прислушувани разговори и зошто народот беше истуркан во гнев и омраза, а Македонија беше втурната во толку силна политичка криза и на кому му беше потребно државата да биде ослабена и поделена, рече Груевски.

Заев како на тацна почна да испорачува и да заговара кантонизација, двојазичност на цела територија и рекомпонирање на државата, продолжи тој.

-За среќа народот се гледа и многу добро знае што се случува и каква е ова игра. Неговите изјави сами за себе говорат, а јас ќе ве потсетам на една која ја даде не пред 1 година, туку пред 1 недела. Заев рече: Верувам дека Македонија може да се стреми да стане Швајцарија. Швајцарија инаку е поделена на кантони. Па продолжи дека треба да се оди преку рамковниот договор оти тој бил само рамка. Сето тоа значи рекомпонирање на државата. Ова е опасно сценарио, рече Груевски па продолжи:

-Ова се историски времиња но изборот е многу едноставен. Од една страна се Заев и кланот и криминални структури, а од друга страна е Македонија, суверена. Вие знаете дека треба да ја одберете Македонија и да се прати порака дека не може да се инсталираат политичари, туку народот треба сам да одучи кој ќе го води, порача Груевски.

Народот, додаде, ќе ја одбере Македонија и политичари кои се борат за целосна, суверена и независна Македонија која продолжува да се движи напред кон ЕУ, НАТО и економски просперитет.

Актуелно

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во операцијата на „УДБА“  биле следени...

(Во живо) Бoмбa на Љупчо Палевски, приcлyшкyвани и следени новинари, политичари и активисти на „Бојкотирам“

Во „Public Room“ на прес конференција, Љупчо Палевски открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето...

Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква...

Повеќе вести