ПОВЕЛЕТЕ, ТУКА СМЕ, АПСЕТЕ: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Ресен го бојкотираше советот, координаторот повика да ги апсат ако е грев да си ја сакаат Македонија!

  • November 30, 2017
  • Коментари

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Ресен ја бојкотираше седницата на советот на која требаше да се гласа за програмата и буџетот за работа на општината за следната година во знак на солидарност со притворените, како што вели Јован Тозиевски, со браќата и сестрите кои се затворени поради љубовта кон сопствената земја

 

„Можам да повикам, и мене и сите советници, и сите членови на ВМРО-ДПМНЕ и сите, преку 100.000 народ кој 85 дена маршираше по улиците на Р.Македонија и ја пееше Македонската химна, под истиот грев да не осудат. Да не третираат со истиот третман, како терористи. Терористи кои ја сакаат својата држава. Ние повторно ќе ја пееме нашата химна, повторно ќе го вееме нашето знаме. Ако тоа е грев за некого, повелете сите сме тука, сите заедно да не затворите“ – изјави Јован Тозиевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ресен.

 

Претходно «
Следно »