October 21, 2021, 11:37 am

Повеќе новозаразени отколку лани ова време

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ваква прогресија на новозаразени лани во истиот период немаше, а сега дополнително е тука делта-сојот предупредува професорот Дејан Трајковски кој уште од почетокот на епидемијата точно го предвиде движењето на ковид-кривата во Македонија.

Според него за сега тоа не е алармантно, но штом летно време имаме ваква преносливост, на есен „ќе го видиме делта сојот во ‘полн сјај’“. Предупредува дека според студиите од европските земји и таму каде што вирусот вртоглаво коси со нови случаи најмногу страдаат невакцинираните.

– Кај непрележаните и невакцинираните ќе важи статистиката од пред вакцините – 80% асимптоматски, 10% лесни случаи на домашно лекување, 10% тешки на болничко лекување, а од нив за жал околу една третина ќе починат. Штета што мора да биде така, штом веќе постојат вакцини, но секој сам си ги бира шансите, пишува Трајковски на својот Фејсбук профил.

Во меѓувреме, црната статистика пак почна да расте, па за една недела во Македонија има пет смртни случаи. Најлоша е ситуацијата во Тетово, каде и медицинските лица отворено говорат дека преголемото олабавување на мерките и неодговорноста на луѓето кои интензивно се собираат на свадбени и друг тип на прослави – „раѓа“ нови и нови случаи. За ова се свесни и медицинските власти во земјава но посебни рестрикции за Тетово или воопшто во моментот не се најавуваат.

Latest News

Шилегов склучил ДОГОВОР ВО ЧЕТИРИ ОЧИ ЗА КАФЕАНИ, тоа е континуитет во работењето

Градоначалникот на Град Скопје во заминување, Петре Шилегов среде изборна кампања, помеѓу двата круга склучил договор со кафеани и...

More Articles Like This