ПОВИК ОД СПУКМ ДО СТУДЕНТИТЕ: Утре во 11 часот пред платото на УКИМ, Студентска акција за помош на настраданите

  • August 11, 2016

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) ги повика сите студенти и студентски организации утре да се вклучат во помагање на граѓаните од Скопско кои беа зафатени од поплавите.  Превозот до поплавените населби е организиран. Тргнувањто е во 11 часот од платото на УКИМ.

studenti infomaks

– Да се собереме пред платото на УКИМ и со организиран превоз и средства ќе се упатиме кон погодените места. На вас треба да имате стара облека и по можност алат за работа. Секој студент е добредојден да се приклучи кон акцијата, а исто така ги покануваме и сите студентски организации. Секој волонтер ќе добие медицинска маска и ракавици, информира СПУКМ.

Студентскиот парлемент посочува и дека од разговор со жителите во поплавените подрачја, најголема помош им е потребна во физичка сила за расчистување кал, урнатини  и вода од нивните домови.

– Ние немаме машини и механизација, но сите имаме големо срце и волја со гумени чизми, лопата и ракавици да помогнеме. Заедно, здружени, ние студентите, најмладата сила, да помогнеме на нашите сограѓани од населените места кои се најмногу погодени од невремето, пишува во повикот на СПУКМ.

Претходно «
Следно »