Повредена ќерката на хрватската претседателка Колинда

  • December 6, 2018

Катарина Китаровиќ (17), ќерка на хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, нема да учествува на натпреварот во уметничко лизгање ,,Златна пируета”, кој деновиве се одржува по 51-ви пат во Загреб, Хрватска, бидејќи била повредена.

-Катарина повторно го повреди грбот. Станува збор за стара повреда, и во овој момент не можам точно да кажам кога повторно ќе се врати на мразот, и колку долго ќе трае паузата. Верувам дека сезоната за неа во никој случај не е завршена – изјавила за хрватските медиуми Ивана Јакупчевиќ, која е тренер на младата лизгачка.

Китаровиќ требаше да ја претставува својата земја на натпреварот кој е еден од најстарите во Европа, во категоријата јуниори. И минатата година таа се претстави на ИСУ Гранд При во уметничко лизгање во Загреб, а на трибините ја бодреа родителите.

Тогаш беше една од 120-те лизгачки од 36 земји од светот кои учествуваа на настанот. На интернационалниот натпревар во уметничко лизгање во Загреб таа беше најдобро пласирана лизгачка од Хрватска и го освои 23-то место. Лани, исто така учествуваше на EYOF во Турција, каде заврши на 11-то место, а беше победник и во кратката програма на првенството во лизгање во Хрватска. Катарина е прво дете на претседателката Колинда. Заедно со сопругот Јаков го имаат и синот Лука (15).

И покрај тоа што се труди да го држи приватниот живот и семејството подалеку од очите на јавноста, во изминатава година нејзината ќерка се почесто е актуелна во медиумите, поради настаните поврзани со нејзината кариера во уметничко лизгање на мраз.

Фото – Марко Припиќ
Извор:фокус

Претходно «
Следно »