Повторно силен зeмјотрес во Хрватска, почувствуван и во БиХ и во Словенија

Поврзано

Бугарија дoби тeхничкa влaдa – eвe кoj e нaзнaчeн зa пpeмиep

Официјално Бугарија оди на нови избори на 11 јули. – Ќе ги организира привремената влада на чие чело ќе биде...

Радев подготвува вoeнa влада

Медиумите во Бугарија објавија привичните информации за новите членови на бугарскиот владин кабинет. Како што јави дописникот на МИА од...

(Фото) Косово е Србија: Мапа објавена од австриските медиуми ја paзгнeви Приштина

Добро познатиот австриски медиум „Остерајх“ Oe24.at објави мапа на Европа на која се гледаат Косово и Метохија како дел...
- Advertisement -

Централна Хрватска повторно беше погодена од посилен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња околу 11 часот, а засега нема информации за можна материјална штета. Потресот се почувствува и во Загреб.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека во 10.58 часот забележала прилично силен земјотрес кај Глинска Полјана, недалеку од Петриња. Земјотресот се почувствува на пошироко подрачје, а граѓаните јавуваат дека се почувствувал и во БиХ и во Словенија.

Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. Областа на централна Хрватска постојано се тресе од низата земјотреси што ја погодија областа на крајот на декември.

Најсилниот беше на 29 декември, 6,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња, кога загинаа седум лица и беше предизвикана голема материјална штета во областа Петриња, Сисак, Глина и околните села.

Штета беше предизвикана и во Загреб и неговата околина, главно на покриви каде беа оштетени оџаци и плочки, особено на зградите кои веќе беа оштетени во земјотресот што го погоди хрватскиот главен град во март минатата година и чијашто јачина беше 5,5 степени по Рихтер., пренесува Бета.

Latest News

Николовска: Cyдот во Стразбур ја прифати жaлбeта зa kaзната во случајот 27 април, очекувам

Адвокатот Ружица Николовска преку социјалните мрежи соопшти дека жалбата по повод казнувањето во предметот „27 април“ е прифатена од...

More Articles Like This