Погледнете го бо лничкиот апартман на Доналд Трамп: Kpистален лустер, маси, софи…

Поврзано

- Advertisement -

Сега кога пристигна во болницата „Волтер Рид“ откако се здоби со треска, за американскиот претседател Доналд Трамп, кој е заразен со коронавирус, ќе се грижат 7.000 членови на медицинскиот персонал, вклучувајќи ги и најдобрите лекари во земјата.

Трамп ќе престојува во Претседателскиот апартман, луксузен оддел во една од 88-те згради на овој медицински центар. Претседателскиот апартман е еден од шесте резервирани за високи воени и официјални претставници на Белата куќа.

Апартманот е специјално опремен со безбедносен систем и опрема за комуникација, рекол адмиралот Кони Мариано, кој бил личен лекар на претседателите Џорџ Буш и Бил Клинтон и директор на медицинското одделение во Белата куќа.

Белата куќа објави дека Трамп ќе работи од неговиот болнички апартман и дека ќе остане во него „неколку дена“, иако многумина шпекулираат дека фактот дека бил хоспитализиран значи дека претседателот е болен повеќе отколку што се вели. Во рамките на „Волтер Рид“ е институтот за истражување каде што научниците работат на вакцини и лекување на заразни болести како што е ковид 19.


И покрај најсовремената опрема и експерти, болницата имала проблематично минато. Таа беше во центарот на скандалот во 2007 година кога неколку војници кои се лекувале таму починале од небрежност. Набргу потоа, болницата беше целосно реновирана.

Претседателското крило има трпезарија со кристален лустер, биро на неколку чекори од креветот и просторија со софи за прием на посетители, како и најсовремена технологија. На Трамп му е на располагање се’ за да ја продолжи својата работа.


Приемот на Трамп во „Волтер Рид“ е прв пат во последните 39. години, актуелниот американски претседател да биде хоспитализиран. Последен пат во болницата бил лекуван Роналд Реган откако бил сериозно повреден во обидот за убиство на 30. март 1981. година.

Атентаторот Џон Хинкли јуниор отворил оган од пушка кон лимузината на Реган и рикошет го погодил Реган во градите. Хинкли верувал дека нападот ќе ја импресионира актерката Џоди Фостер, со која бил опседнат. Реган бил во болница 12. дена и не му ги предал акредитивните писма на потпретседателот Џорџ Буш.

Latest News

Отворена нова истpaга пpoтив Гугл поради онлајн рекламирање

Антимонополските власти на ЕУ ќе отворат уште еден фронт против „Гугл“, дел од „Алфабет“, со започнување на официјална истрага...

More Articles Like This