ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА: Еве какво ќе биде времето за викендот

  • September 13, 2019

Овој викенд нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево и топло преку ден, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено утре ќе засилува на интензитет.

Максималните дневни температури на водухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

И во првите денови од следната недела не очекува стабилно, суво и уште потопло време, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Позначителна промена на времето ќе започне некаде од средината на следната недела, кога очекуваме зголемување на облачноста, а условите за врнежи ќе почнат да растат.

Повеќе детални и попрецизни информации околу промената на времето ќе следат овие денови.

Претходно «
Следно »