October 18, 2021, 5:15 pm

Подгответе се за снег: Метеоролозите најавуваат уште постудени денови и врнежи од снег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што се и најавуваше денови наназад, студеното време веќе пристигна во Македонија, но според прогнозите на метеоролозите, уште постудени денови не очекуваат во продолжение, а можни се и врнежи од снег на повисоките места.

Утре попладне во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури значително ќе опаднат.

Во четврток Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Ќе се разбудиме со само 2 степени а максималната во текот на денот нема да надмине 10 степени.

Latest News

Расте предноста на Арсовска, Шилегов губи со над 7500 гласови

Привршува броењето на гласовите од гласањето на локалните избори за градоначалник на Град Скопје. Досега се преброени 98,10%, а...

More Articles Like This