October 18, 2021, 2:24 am

Пожapот се движи кон грчката граница, засега не е зaгрoзен граничниот премин „Богородица“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот, што попладнево избувна на потегот меѓу месноста Милци и Граничниот премин Богородица, не ја загрозува сообраќајната фреквенција на граничниот премин која се одвива нормално и без прекин, соопштија од граничната дежурна служба.

Во попладневните часови состојбата со сообраќајната фреквенција е секогаш порелаксирана поради помалата гужва така што нема поголеми задржувања од петнасетина минути.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

Доколку не се случи промена на правецот на ветрот нема да бидат загрозени граничната караула на АРМ, казиното „Фламинго“ ГП Богородица и бензинските пумпи на „Макпетрол“ и „Шимов“ во близина на мекедонско-грчката граница

Latest News

Целосно обработени податоците од Градско, Дојран, Лозово, Росоман и Центар Жупа, ова се резултатите

На веб-страницата на Државната изборна комисија објавени се првичните резултати од пет општини каде се обработени 100 отсто од...

More Articles Like This