ПОЗНАТИ СУДИИТЕ ЗА ФИНАЛЕТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ: УЕФА ги објави имињата на арбитрите за финалето

  • May 14, 2019

УЕФА денес преку официјалната веб-страница објави дека Дамир Скомина ќе биде главниот арбитар на финалето на Лигата на шампионите.

Словенецот кој има 42 години, во 2002 година стана меѓународен судија. Ова ќе биде негов трето финале, кој ќе го суди во европските елитни натпреварувања.

За потсетување, УЕФА Супер Купот 2012 година помеѓу Атлетико Мадрид и Челзи, како и финалето на УЕФА Евро Лига во 2017 година помеѓу Ајакс и Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона беше главниот арбитер во четири натпревари во Лигата на шампионите.

Претходно «
Следно »