ПОЗНАТО СО ШТО Е ОТРУЕН РУСКИОТ ШПИОН: Британските власти објавија дека шпионот бил отруен со нервен гас

  • March 7, 2018

Неврен гас бил користен во труењето на рускиот разузнавач и неговата ќерка, потврди Британската полиција. Сергеј и Јулија Скрипал прдолжуваат да се борат за своите животи откако беа таргеритани со смртоносна супстанца центарот на градот Салсбери во Вилтшир.

Покрај разузнавачот и неговата ќерка настрадал и полицаец кој прв се нашол на местото на настанот, кога ги пронашол во безсознание на клупа. Полицаецот исто така е во критична состојба.

Шефот на оделот против тероризам на Скотланд Јард Марк Роули не изјави која супстанва е користена во обидот за убиство на двјониот руски агент Скрипал.
,,Ова се третира како огромен инцидент и обид за убиство, со администрација на нервен гас”, рече тој.
Роули вели дека по разјаснувањето дека нервен гас е користен во обидот за убиството можеме слободно да заклучиме дека овие две лица биле цел на нападот.

За жал, настрада и еден полицаец кој беше еден од првите кои присуствуваа на настанот и реагираше на инцидентот, сега тој е во сериозна состојба во болница.’’

,,Полицијата во Вилтшир, секако, ја обезбедува поддршката за неговото семејство.’’

,,Додека ние сега сме во позиција да потврдиме дека нивните симптоми се резултат на изложеност на нервен гас, во оваа фаза нема да дадам дополнителни информации за точната супстанција која е идентификувана. “

Претходно «
Следно »