ПОКАЧУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ, ДУПЛИРАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА: До крајот на годината владата спрема уште еден удар врз семејниот буџет!

  • September 17, 2017

Сиромаштијата во Македонија ќе се дуплира со покачувањето на даноците кое е најавено до крајот на годината. Зголемувањето на даноците само ќе го забрза крахот на економијата и ќе предизвика осиромашување на граѓаните, предупредуваат од „Граѓанското движење против осиромашување“.

Најавеното зголемување на даноците може да предизвика сериозни последици, како за економијата, така и за вработеноста и стандадот на граѓаните. Граѓаните стравуваат дека покачувањето на даноците  може да предизвика негативни последици кои ќе доведат до осиромашување на народот, а со тоа и до зголемено незадоволство.

-Зголемените даноци значат сериозно загрозување на пред се помали фирми и претпријатија во Република Македонија кои ќе се доведат до работ на егзистенција. Ваквата ситуација може да предизвика евентуално даночна евазија, што ќе се одрази на ликвидноста на буџетот, од кој зависи изградбата и реконструкцијата на училишта, болници, градинки, патишта, водоводи и канализации, велат  од „Граѓанското движење против осиромашување“.

Тие предупредуваат дека од друга страна, сопствениците на фирмите со цел да го задржат профитот може да се одлучат за намалување на платите или отпуштање на работници, што ќе предизвика намалување на стандардот на семејствата во Македонија и нивно доведување до работ на егзистенцијата.

-Најавите за на Владата за ваков чекор доаѓаат без реална основа, анализа и проценка, а најмалку од се има издржана дебата, во која сите субјекти, експертите, работодавачите и синдикатите, но пре се граѓаните ќе може да го кажат своето мислење за вака сериозна тема. Штетите од неоправданото и неиздржаното зголемување на даноците повеќекратни и затоа ние стравуваме дека најлошо ќе се одразат на грбот на обичниот човек кој вредно работи а да обезбеди иднина за себе и за своите деца, велат од граѓанското движење.

Зголемувањето на трошоците за живот и падот на стандардот веќе почна, цените се зголемија за 4 проценти, индустријата има пад на производство, економијата чувствува први последици. Зголемувањето на даноците само ќе го забрза крахот на економијата во државата и ќе предизвика осиромашување на граѓаните, предупупредуваат економските познавачи.

Според најавите, Владата на Зоран Заев ќе ја промени даночната политика и наместо рамен ќе воведе прогресивен данок. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски смета дека оваа одлука е голема грешка, бидејќи Република Македонија досега добиваше честитки за рамниот и низок данок.

-Ако Владата мисли дека на овој начин ќе собере повеќе пари, греши! Зголемувањето на даноците најчесто носи помалку пари во буџетот затоа што се зголемува мотивацијата кај индустриските субјекти за одбегнување на данок. Ние кога ги намаливме даноците во 2007-ма година, добивме 20 % повеќе пари во буџетот. Тоа ја потврдува тезата дека пониските даноци, не само што му помагаат на стопанството, на економијата, на граѓаните, туку помагаат и за повеќе средства во Буџетот. Секое планирање на зголемување на даноците, ќе им го влоши стандардот на граѓаните, а голем дел од компаниите ќе наоѓаат начин да избегнат плаќање на данок, рече Груевски.

 Рецесијата веќе е реалност и ние со таа рецесија веќе живееме и  прашање на ден е кога тоа ќе се официјализира, изјави  Христијан Делев во своето гостување на ТВ Нова , на тема „Економски ветувања и перспективи“.

Делев потенцираше дека во изминатите 100 дена Македонија доживува едно тотално економско фијаско со сите тие мерки и сите тие акции што беа направени од новата влада, посебно најзагрижувачки е тоа што целиот градежен сектор или целата градежна оператива престана со работа или сите тие капитални проекти се заглавени.

– Ако гледаме макроекономски ќе видиме дека градежништвото е сам по себе еден од најголемите контрибутори кон буџетот. Се претпоставува дека директно и индиректно некаде помеѓу 25 и 30% во буџетот доаѓаат од градежништвото и цела таа оператива што е поврзана со градежништвото, истакна Делев.

Тој додаде дека тоа што ни се случи во изминатиот период ќе има дополнителни негативни ефекти и дополнително ќе се намалуваат овие бројки и дека можеби ќе завршиме и со негативен раст.

Претходно «
Следно »