January 24, 2021, 10:06 am

Пола Европа размислува за воведување „Корона – Данок“, а Курц се двоуми

Поврзано

Илон Маск ja caкa Кина, и Кина го caкa Илон Маск

Компанијата на Илон Маск, Тесла, во Шангај, работи со полна пареа. Според еден извршен директор, Тесла не добила само...

Фајзер се oбвpзa: 40 милиoни вakцини зa cиpoмaшнитe

Американската компанија „Фајзер“ се обврза да испорача 40 милиони дози вакцини против „Ковид-19“ оваа година, во согласност со напорите...

Пpвпат од пoчeтoкoт нa eпидeмиjaтa: Хонг Конг вoвeдyвa cтpoг кapaнтин

Хонг Конг денес ја воведе првата блокада од почетокот на пандемијата на коронавирус. 10.000 граѓани во густо населениот дел на...
- Advertisement -

Во Австрија има се повеќе барања богатите да плаќаат таканаречен „данок на корона“, бидејќи државата се задолжува многу за да им помогне на компаниите.

Долгот на државите во Европа достигнува нова рекордна висина за време на пандемијата, а многу политичари се залагаат за специјални корона давачки од богатите, истакнува виенскиот дневен весник „Пресе“.

Австриската влада издвои и милијарди за да им помогне на компаниите да ја надминат кризата. Додека многу компании стравуваат за својата егзистенција, има и такви компании кои профитираат од кризата.

Така, шефот на „Амазон“, Џеф Безос, на пример, не може да се жали за оваа година, бидејќи неговата компанија остварува уште поголеми профити, бидејќи продавниците се затворени, а граѓаните нарачуваат стоки преку Интернет, додава „Пресе“. Безос, кој важи за најбогат човек на светот со приватен имот вреден 185 милијарди долари, е само еден од многуте.

Поради овие околности, се погласна е дискусијата за „данокот на короната“ за богатите во Германија, каде за тоа се залага министерот за финансии, Олаф Шолц, кој бара граѓаните што заработуваат „многу“ да плаќаат поголем придонес. Тоа го бара и шпанската владејачка партија „Унидас Подемос“, која сака посебен данок за побогатите сограѓани.

Во Австрија, оваа дебата започна на пролет, кога вицеканцеларот Вернер Коглер во неколку интервјуа побара данок на имот. Социјалдемократската партија на Австрија (СЈО) исто така порано побара данок на имот и наследство. Поради сегашната состојба, ова барање станува сè поважно, бидејќи Австрија се позајмува многу како држава поради кризата со корона. Владата претпоставува дека стапката на задолженост ќе достигне над 90 проценти од БДП.

Народната партија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц постојано ги одбиваше ваквите барања во минатото. Сепак, сега е нејасно, наведува „Прес“, како ќе се намалат долговите. Во основа, ОВП сака да ги врати тие пари преку раст, а од неодамна велат дека не е исклучено за време на мандатот на владата, да се зголемуваат даноците.

Со тоа Себастијан Курц дефинитивно оди против своите ветувања за намалување на даноците и либерална даночна политика која ја ветуваше на избротите во Австрија. Со тоа е можно и забележително да го намали рејтингот и популарноста на својата партија на наредните избори, оценува австрискиот медиум.

Latest News

СДСМ не може преку соопштенија да ја испере неспособноста на Радмила Шекеринска

СДСМ не може преку соопштенија да ја испере неспособноста на Радмила Шекеринска, реагираат денес од ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог интегрален текст...

More Articles Like This