October 23, 2021, 8:39 am

Пола Европа се „нацpта“ во Скопје – датум нema

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, денеска ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек.

Османи, како што соопшти МНР, ќе информира за тековните теми со ЕУ, за европското досие на земјава, реформските процеси, добрососедските односи, а една од централните теми ќе бидат и можностите за напредок во европските интеграции на претстојните летни Совети на ЕУ.

Министрите за надворешни работи се во посета на земјава, во својство на претставници на неформалната групата земји членки на ЕУ „Ц5“, во која покрај Австрија, Словенија и Чешка, членуваат и Словачка и Унгарија, чии претставници веќе беа во посета на земјава.

Вчера шефот на австриската дипломатија Шаленберг изјави дека викендов ќе ги посети Скопје и Тирана, во обид да ги продолжи напорите на австриската Влада да го забрза процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Шаленберг рече дека посетата е јасен сигнал дека Македонија и Албанија, како и сите други земји во регионот, можат да сметаат на поддршката на Австрија.

Тој истакна дека 2020 година е изгубена година за целиот регион и дека неуспехот да се отворат преговорите за пристап со Македонија и Албанија е големо разочарување.

Оваа година, 2021 година, не смее да се изгуби повторно. Нанесената штета станува се поголема – изјави Шаленберг.

Според него, на Западен Балкан се води борба за модел на живот и предупреди дека ако ЕУ конечно не го исполни ветувањето, тогаш вакуумот ќе го пополнат други држави.

Шаленберг е на пат со неговиот словенечки колега, чија земја ќе го преземе претседателството со ЕУ на 1 јули и шефот на чешката дипломатија, за кого ова е прва посета на регионот.

Latest News

Во моментов активни околу шecт илjaди зapaзeни co Koвид-19

Во минатото деноноќие се регистрирани 411 нови заразени со Ковид-19, како и седум починати лица. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица...

More Articles Like This