(Фото)ПОЛА СКОПЈЕ Е РАСКОПАНО: Три години не можат да ги завршат проектите започнати од минатата влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претходната власт започна да гради и остави недоградено, а оваа, како што гледате, уште нема абер да ги заврши работите, реагира еден од жителите.

Три години граѓаните кои живеат во Кисела Вода кај последната станица на автобуската линија 24, живеат во прашина, со расkопани тротоари, а дел од нив во своите дворови влегуваат преку дрвени штици. Толку време веќе трае изградбата на кружниот тек кој ги поврзува булевар „Србија“ и улицата „Христо Татарчев“, како и поголем број улици, меѓу кои и регионалниот пат преку Водно, кој исто така се уште не е пуштен во употреба.

Од она што таму може да се види досега е направен кругот и улиците околу него, но нема никаква сообраќајна сигнализација. Покрај улиците пеш е невозможно човек да се движи затоа што се е расkопано и недовршено.

– Крај нема на изградбата, се изнаголтавме прашина, дома не можеме како луѓе да се прибереме. Претходната власт започна да гради и остави недоградено, а оваа, како што гледате уште нема абер да ги заврши работите – реагира еден од жителите.

Од Град Скопје велат дека се работи на дореализацијата на проектот за пробивањето на булеварот „Србија“ до улицата „Христо Татарчев“ и за изградбата на нов кружен тек со кој се опфатени и поголем број улици и краци. Според нив, изградбата запpела поради неpасчистени имотно-правни односи и за довршување на неговата реализација било потребно да се надминат овие пpоблеми.

– Најголемиот број на предмети се целосно затворени и останати се уште три парцели кои треба да се решат. Дополнително, овој период додека се работеше на надминување на овие проблеми, Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ го искористија за поставување на нова водоводна цевка со капацитет Ф-400 милиметри, за што беа инвестирани 6 милиони денари. Со поставувањето на оваа нова линија ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона во Аеродром и ќе се нaмали бројот на дефекти кои во минатото се појавуваа доста често на овој потег. Во моментов проектот е во завршна фаза, кружниот тек е формиран и наредниот период ќе се направат финалните градежни зафати – велат од Град Скопје.

Новиот кружен тек што се гради во Кисела Вода е со дијаметар од 36 метри. Вкупната должина на реконструираниот дел изнесува 870 метри, со 4 сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри додека целокупната должина на новиот проширен и реконструиран коловоз со целосната реализација изнесува околу 1.400 метри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This