ПОЛЕТА АМЕРИКАНСКИОТ АВИОН „ЗА КРАЈ НА СВЕТОТ“: Специјалниот претседателски авион за „крај на светот“ вчера беше активен

  • April 14, 2018

Американскиот претседателски специјален авион за во случај на нуклеарен “Крај на Светот” полета како резултат на зголемениот страв од војна

Е-4B Nightwatch им овозможува на САД да го одржат ланецот на команда во случај на војна

Боинг Е-4B Nightwatch, попознат како “авион за крајот на светот ” полета во воздухот минути откако Доналд Трамп вети дека ќе ја нападне Сирија.

Nightwatch е воздухопловен команден центар спремен за нуклеарна војна кој овозможува САД да одржи синџир на команда во случај на голема војна.

Еден од 10-те авиони спремни за судниот ден секогаш се чува во непосредна близина на претседателот, дури и кога е надвор од земјата. Авионот може да остане во воздух до 150 часа и има вградена електромагнетна заштита за да преживее нуклеарен напад.

Nightwatch полетал од воздухопловната база Рајт-Патерсон во Индијана кратко време откако претседателот Трамп Твитер дека ракетите “ќе пристигнат” и покрај заканата на Русија дека ќе ги соборат и ќе ја нападната локацијата од каде се лансирани.

Официјални претставници на Пентагон одбија да коментираат за распоредувањето на авионот.

Уште еден од т.н. авиони на “судниот ден” – Боинг 747 Е-4Б, исто така, беше стациониран во Белата куќа кратко време по нападите на 11 септември.

Почесен професор по руски студии на Универзитетот Принстон и Њујорк Универзитетот, Стефан Коен истакна дека, “Јас сум повеќе загрижен отколку што сум бил било кога во мојот живот”, за нуклеарна конфронтација со Русија.

Претходно «
Следно »