ПОЛИЦАЕЦ Е САМО 9 МЕСЕЦИ, А СЕГА Е ХЕРОЈ: Тој го уби најбараниот терорист

  • December 23, 2016

Младиот полицаец што во три часот по полноќ го уби Тунижанецот Анис Амри е Лука Скати (29), кој инаку стапил на должност само девет месеци пред овој настан.

Тој го уби најопасниот и најбаран терорист, кој со камион влета на божикниот саем во Берлин, при рутинска полициска контрола во миланската населба Сесто Сан Џовани.

poli

Имено, полицајците го запреле возилото и сакале само да го контролираат возачот. Но, тој извадил пиштол и почал да вика „Алаху акбар“ и да пука, притоа ранувајќи го полицаецот Кристијан Мовија (36).

poli2

Куршумот кој дошол од страна на младиот Скати го спречил терористот да повреди или убие уште луѓе.

За време на претпладнето се огласи и министерот за внатрешни работи на Италија, Марко Минити, кој потврди дека во Милано е убиен Тунижанецот што е осомничен за напад во Берлин. Притоа тој се заблагодари на младиот Лука Скати во име на целото министерство и италијанската полиција.

-Амри беше најбаран терорист и многу сум горд со која брзина колега, кој само што стапил на должност, ја решил ситуацијата – рекол Минити.

Според пишувањето на медиумите, кај Амри е пронајден билет за воз, а во Италија дошол од Франција. Запрен бил пред железничката станица во Милано.

Претходно «
Следно »