October 25, 2021, 7:23 am

Полицаец заедно со неговиот брат киднапирал жител на Свиларе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицаец и неговиот брат киднапирале жител на селото Свиларе, го натепале и потоа го фрлиле во близина на селото Кондово.

За ваков случај денес известија и од МВР во дневниот билтен за настани.

На 01.06.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Сарај, А.Р.(60) од с.Долно Свиларе пријавил дека околу 16.30 часот неколку лица противправно го лишиле од слобода З.А.(27) од с.Долно Свиларе. По кратко време, од негови роднини З.А. со повреди бил пронајден во с.Кондово и бил пренесен во болница за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

До овој момент, уапсен е Ш.М. полицаец во ПС Кисела Вода, додека се уште се трага по неговиот брат О.М. кој се дал во бегство.

Од МВР за Инфомакс потврдија дека се работи на расчистување на случајот и дека во наредните денови ќе излезат со детали.

Latest News

Наyтpo студено, преку ден сончево со пpoменлива облачнocт

Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер...

More Articles Like This