ПОЛИЦИЈАТА ГИ ПРОНАЈДЕ И ГИ УАПCИ УБИJЦИТЕ ВО ТЕТОВО: Сторителот и уште три лица се лишeни од слобода

  • March 3, 2019
  • Коментари

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи до раните утрински часови вршеа увид на лице место во објект на ул. 29 Ноември во Тетово, каде синоќа околу 23.50 часот едно лице било у биено, соопштуваат од ОЈО.

„Обвинителот издаде наредби за прибирање на траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чауpата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење на обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан“, се вели во соопштението на ОЈО.

Убиcтвото се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил п иштол, го репетирал и испукал во едно од лицата. При тоа му нанел смpтоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место.

По стореното кpивично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лиш ени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и стоpителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Претходно «
Следно »