ПОЛИЦИЈАТА Е ЦЕЛОСНО ПАРТИЗИРАНА И ПРИВАТИЗИРАНА: Кадрите на СДС во МВР редовен декор на партиските митинзи – ништо од одвојувањето на државата од партијата!

  • September 26, 2017

Полицијата е ставена во целосна служба на СДС, откако Спасовски и Заев целосно ја партизираа вработувајќи партиски кадри, кои во минатото ја „заслужуваа“ позицијата преку вандализирање на државните институции во Скопје во „платеничката револуција“

Дека одвојување на партијата од државата не постои, односно беше само празно ветување на Заев пред меѓународната заедница, покажува и тоа што на партиските митинзи Заев пристигнува со службени возила, а спротивно на законот за полиција, полициски функционери но и службеници се редовен декор на партиските митинзи и прослави.

Денес на промоцијата на кандидатот на СДС во Струмица, во првите редови можеше да се забележи началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски, инаку татко на телохранителот на Заев, кој минатата година претепа неколку момчиња во дискотека во градот.

Танчо Пројковски инаку е и директно одговорен за пукањето на струмичката полиција, за која и е директно одговорн,  во две млади момчиња, случај за кој беше под заштита на Оливер Спасовски и не понесе соодветна одговорност.

Вчера пак, на митинзите во Ресен, Битола и Демир Хисар, Зоран Заев се возеше со службените возила на Владата на Р.Македонија, а со него се движеше и обезбедување кое ги надминува сите нормални граници.

Пред почетокот на кампањта, Оливер Спасовски дури и порача дека ниту еден полицаец не смее да учествува во активностите на партиите, и апелираше граѓаните да пријават било какво прекршување на ова правило.

Сепак, и покрај објавувањето на серија на докази за прекршување на ова правило ниту МВР ниту Оливер Спасовски немаат преземено никакви чекори против прекршителите.

Претходно «
Следно »