ПОЛИЦИЈАТА И КРИМИНАЛЦИТЕ РАБОТЕА ЗА ДУИ И СДС: Арбен Таравари за криминалот во владината коалиција!

  • November 6, 2017

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар, во вчерашното гостување во емисијата „Во Центар“ на телевизија Алфа истакна дека во Гостивар се случувало големо кршење на изборните процедури и дека полицијата на Спасовски и криминалните структури постојано биле присутни во партискиот штаб на неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта.

-Се што беше криминално, со полиција беше на располагање на Невзет Бејта. Целата полиција беше во штабови на Бејта. Стоеа полицајци кои што беа цивилно облечени во штабот на Бејта, додаде Таравари.

Според Таравари, додека криминалците и полицијата биле ставени на располагање на Невзат Бејта, неговата партија Алијансата на Албанците била составена од луѓе кои што се кредибилни во Гостивар.

Таравари потенцираше дека според него, предвремените парламентарни избори кои се одржаа минатата година на 11-ти декември биле многу подобро организирани за разлика од овие локални избори кои што ги спроведуваше СДСМ.

Претходно «
Следно »