ПОЛИЦИЈАТА КАКО ИНФОРМБИРОТО: Се „чешлаат“ социјалните мрежи и се поведуваат кривични за секоја навреда кон Заев!

  • February 10, 2018

Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека неговиот Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период документирал и процесуирал 30 случаи во кои преку социјалните мрежи на носители на државни функции им била загрозена сигурноста или биле злоупотребени нивните лични податоци.

За сите случаи биле испратени известувања до Основното јавно обвинителство Скопје за да се прецизира дали станува збор за кривични дела што се гонат по службена должност.

Во тие случаи се и шест закани кон премиерот Зоран Заев, и е откриено едно лице што се заканувало. Тоа е сторено во соработка со Фејсбук и со канцеларијата на Интерпол и еден интернет провајдер во Швајцарија. Од МВР велат дека против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Министерството уверува дека за сите пријави постапува исто како во новообјавените случаи.

Сепак, од МВР нема најава дали ќе поведат кривична постапка против новинарот Бранко Тричковски кој во низа наврати повикуваше на атентат врз високи државни функционери, а во неговите текстови кои се објавуваат во неколку провладини медиуми редовно се шири говор на омраза.

Во 2016 година на порталот на најгласниот поддржувач на Зоран Заев „Плусинфо“ на Бранко Геровски беше објавен текст од сдсмовскиот новинар Бранко Тричковски со наслов „Може ли Груевски да биде убиен?!“ Ова не е прв текст на Бранко Тричковски. Тој во низа наврати во изминатите години објавуваше како замислува снајперски куршум кој поминал низ главата на Груевски, бараше да се крене во воздух штабот на ВМРО-ДПМНЕ со сите внатре, а плукаше и по загинатите бранители во кумановското Диво Насеље.

Претходно «
Следно »